На НАТО-вежба во Јонското Море се урна канадски хеликоптер – еден загинат, по петмина се трага – ММС
ММС

Објавено на: 04/30/20 8:09 AM

На НАТО-вежба во Јонското Море се урна канадски хеликоптер – еден загинат, по петмина се трага

Канадски хеликоптер што бил вклучен во вежба на НАТО синоќа исчезнал во водите на Јонското Море омеѓу Грција и Италија, а по неколку часа се пронајдени негови остатоци, соопштиле грчки воени извори.

„Делови од хеликоптерот се пронајдени во зона на морето под контрола на Италија, а Грција испрати хеликоптер на својата воена морнарица во операцијата за спасување“, соопштиле грчките извори.

Грчката телевизија објави дека остатоци од хеликоптерот и едно тело биле лоцирани синоќа, додека по уште пет лица се трага.

Хеликоптерот „циклон“ бил на наосачот на авиони „Халифакс“ и бил дел од вежбата на НАТО недалеку од грчкиот брег.