Коронавирус-состојба: Во светот излекувани еден милион заразени, во Британија за 24 часа починаа 4.419 – ММС
ММС

Објавено на: 04/30/20 6:38 AM

Коронавирус-состојба: Во светот излекувани еден милион заразени, во Британија за 24 часа починаа 4.419

Според последните податоци, бројот на инфицираните во светот од Ковид-19 достигна до околу 3.220.000 луѓе, на излекуваните надмина еден милион – 1.000.500, а починати се околу 228.000 луѓе. Неверојатно голем пораст на починатите во последните 24 часа бележи Велика Британина – 4.419, откако во статистиката биле впишани и починатите во старските домови. Во САД во последните 24 часа починале 1.744 заболени, во Шпанија – 453, во Франција – 367, во Италија – 323…

На прво место според вкупните досегашни бројки се САД со 1.055.000 заразени и 61.000 починати. Во Шпанија бројот на заразените е 237.000, а на починатите – 24.300, во Италија – 204.000 (27.700), Феанција – 168.000 (24.100), Велика Британија – 165.000 (26.100), Германија – 161.000 (6.400), Турција – 117.500 (3.080), Русија – 99.500 (980), Иран – 94.000 (5.950)…

На Балканот: Во Македонија заклучно со вчера се регистрирани 1.442 заразени и 73 починати, во Албанија – 750 (30), Косово – 799 (22), Црна Гора – 232 (7), Србија – 8.724 (173), Босна и Херцеговина – 1.677 (65), Хрватска – 2.062 (67), Словенија – 1.416 (89)…