За време на полицискиот час движењето е ограничено, но добро е што темепратурите деновиве се зголемија и денот може да се искористи за да се прошета на сонце. Токму сонцето е важно за витамин Д и за јакнење на имунитетот. Сонцето особено ни е потребно бидејки долго време сме затворени дома, а имунитетот за заштита од зараза мора да биде зајакнат.
Стручњаците од Австралија велат дека мораме да излегуваме надвор и дека треба барем минимум 10 минути да бидеме изложени на сончевата светлина, која ќе ни го намали ризикот од инфекција на белите дробови.
Сонцето, како што веќе знаеме му помага на телото да го создаде витаминот Д, кој, пак, ја заврзува работата на имуниот систем иго штити нашиот организам од многу лоши влијанија.
Луѓето на кои им недостасува витамин Д имаат дупло поголем ризик да развијат сериозна инфекција на белите дробови, па австралиските лекари ним им советуваат да шетаат на сончевиот ден најмалку по 15 минути.
Фото: zmescience.com/ vecernji.hr