Рибари во Тајандскиот Залив имале многу ретка средба со розови делфини,за кои ретко кој знае дека постојат, а научниците велат дека се осмелуваат да се приближат до брегот кога нема туристи, како што е сега поради пандемијата на коронавирус.
Рибарите не пропуштиле и да ја снимат несекојдневнта средба со трите розови делфини кои пливале во мирните води покрај рибарскиот брод, крај остров на југоистокот на Тајланд, пренесува „Ројтерс“.
„Имресиониран сум. Никогаш не сум ни помислувал дека ќе видам розов делфин“, вели рибарот Чаијот Саедан.