Шопинг-моловите, рестораните и другите угостителски објекти ќе почнат со работа од 1 јуни, а плажите во Грција ќе останат затворени до 1 јули. Мерките за ограничено движење се укинуваат од 4 мај.
Завршните класови во средните училишта ќе почнат со настава на 11 мај за матурантите да се подготват за приемни испити на факултетите. Една недела подоцна ќе се отворат средните училишта и за останатите класови, а градинките и основните училшта од 1 јуни, но само ако условите го дозволуваат тоа.
Од 1 јуни ќе бидат отворени и хотелите што вообичаено работат преку цела година, а сезонските хотелски комплекси можат да почнат со работа од 1 јули.


