Полицијата го најде возилото со кое беше прегазено дете во Струмица, возачот во бегство – ММС
ММС

Објавено на: 04/29/20 7:52 AM

Полицијата го најде возилото со кое беше прегазено дете во Струмица, возачот во бегство

Пронајдено е возилото со кое беше прегазено четиригодишното дете во Струмица вчера во 17:35 часот, а возачот е во бегство, соопшти доцна синоќа портпаролката на СВР-Струмица, Хризантема Рендевска.

-Од страна на полициски службеници возилото е пронајдено и е во кругот на СВР- Струмица. Се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителот, рече Рендевска.

Несреќата се случи на улицата „Никола Тесла” во Струмица, а со тешки телесни повреди се здоби четиригодишно дете-пешак.

По укажана лекарска помош во Медицински центар Струмица заради карактерот на повредите детето е пренесено во Клиничкиот центар во Скопје.

Увид на местото на несреќата извршиле увидна екипа од полицијата во присуство на јавен обвинител.

МИА