Гледис Родригез де Дуарте (46) од Парагвај се вратила во живот во мртвачка вреќа, набргу откако лекарите ја прогласиле за мртва, пишува New York Post.
Таа боледувала од рак на јајници, а била примена во клиниката Сан Фернандо во Коронел Овиједу во саботата наутро, откако притисокот и се качил. Само два часа подоцна, нејзиниот лекар, др. Хериберто Вера, погрешно ја прогласил за мртва, а како причина за смртта навел рак на грлото на матката.
Посмртницата ја дал на нејзиниот сопруг и на ќерката, а нејзиното тело го превзеле од погребалното. За среќа, забележале дека несреќната жена се помрднува во мртвачката вреќа ија однеле на интензивна нега, каде се наоѓа во моментов во „чувствителна, но стабилна“ состојба, информира , ABC Color.
Нејзиниот сопруг Максимино Дуарте Фереира поднел пријава против лекарот, тврдејќи дека намерно ја прогласил за мртва, бидејќи веќе не сакале да ја лечат.
Фото: mk.approby.com