Секојдневната нега на лицето помага за сјајна и убава кожа. Меѓу многуте начини за нега на кожата, покрај редовното миење и нанесување на крем, задолжителен е и пилинг кој помага да се отстранат мртвите клетки. Тој е неопходен за нежна и блескава кожа, затоа што со отстранувањето на мртвите клетки им помага на новите клетки побрзо да стигнат до површината.
По маркетите може да се најдат голем број на пилинзи, кои имаат висока цена, а најчесто содржат многу хемикалии. Но, немора да купувате скапи козметички средства. Може да ја освежите и подмладите вашата кожа со помош на следните природни пилинзи кои се прават со состојки од вашата кујна.
Пилинг од бадеми, брашно, мед и млеко
Измешајте мед со ситно мелени бадеми, 18 грама брашно и 45 мл млеко. Мешајте се додека добиете кремаста маса. Нанесете ја смесата на лицето или телото. Овој пилинг, не само што ќе ја исчисти вашата кожа, туку ќе ја изедначи и ќе и ја обезбеди потребната хидратација.
Пилинг од лимон и кафеав шеќер
Овој пилинг ја прави кожата мека и мазна, а за да го направите измешајте кафеав шеќер, кора од лимон и масло од гроздови семки. Пилингот е едноставен и ефикасен, ја чисти кожата и го враќа нејзиниот природен сјај.
Пилинг од аспирин
Салицилна киселина која ја содржи аспиринот помага во отстранувањето на мртвите клетки и ја ревитализира кожата. За да го направите потребни ви се 3 до 4 таблети аспирин и малку минерална вода. Таблетите истолчете ги за да добиете прав и додадете минерална вода. Добро измешајте и нанесете го пилингот на лицето. По десет минути исплакнете го лицето со млака вода. Овој пилинг особено се препорачува за мрсна кожа, склона кон акни.
Преземено од: sezahrana.mk