Судиите победија – Уставниот суд поведе постапка за владината уредба за намалување на платите – ММС
ММС

Објавено на: 04/28/20 2:58 PM

Судиите победија – Уставниот суд поведе постапка за владината уредба за намалување на платите

Уставниот суд на денешната седница поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Уредбата со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.94/2020); Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.97/2020);

Со тоа, судиите,  министрите, пратениците, директорите, градоначалниците и останатите именувани функционери нема да бидат на минималец од 14.500 денари во април и мај туку ќе им биде исплатена целосната плата како и досега.Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.103/2020); и Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.108/2020) и донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на уредбите чија уставност и законитост ја оценува, а согласно член 27 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија;

Уставниот суд одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за буџетите за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.79/2020);

Исто така уставните судии одлучија да поведат постапка за оценување на уставноста и законитоста на Уредбата со законска сила за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” број 97/2020) и Уредбата со законска сила за дoполнување на Уредбата со законска сила за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” број 100/2020) и донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на уредбите чија уставност и законитост ја оценува, а согласно член 27 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија.

Да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Уредбата со законска сила за јавнообвинителските службеници, истражителите и другите вработени во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите и за финансирање на Јавното обвинителство за гонење на кривилни дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на коминикациите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.90/2020) и донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на уредбата чија уставност и законитост ја оценува, а согласно член 27 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија.

Да не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.90/2020).

Да не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.95/2020 и 97/2020), соопшти Уставниот суд.