На чекор до развивање вакцина: Тестирањето кај мајмуни поминало одлично – ММС
ММС

Објавено на: 04/28/20 10:56 AM

На чекор до развивање вакцина: Тестирањето кај мајмуни поминало одлично

Научниците од универзитетот Оксворд во Велика Бритаnија тврдат дека се само на чекор од развивање вакцина со која би требало да се сопре ширењето на Ковид-19.

Минатиот месец добиле ветувачки резултати од вбризгувањето на една доза од новата вакцина врз мајмуни од видот резус макаки, кои по структурата се најблиску до човекот.

Клиничките тестирања на новата вакцина врз луѓе ќе почнат во мај на вкупно 6.000 кандидати. Ако биде одобрено, неколку милиони дози би можеле да бидат достапни за широка употреба веќе во септември, пишува „Њујорк тајмс“, а пренесуваат медиуми од Балканот.

Инаку, секој од тестираните шест мајмуни добил по една доза од вакцината, а тестирањата се спроведувале во лабораториите на Националниот институт во Монтана, САД. Сите биле изложени на новиот коронавирус, од кој заболеле други мајмуни во лабораторијата. Четири седмици подоцна сите шест мајмуни биле здрави и не покажувале симптоми на Ковид-19.

Ова е одличен знак, иако нема сигурна гаранција дека резултите ќе бидат добри и кај луѓето.

Ширум светот стотина научни тимови и биотехнолошки компании работат и се трудат да бидат први што ќе ја откријат толку потребната вакцина.