Бројот на заразените со Ковид-19 во светот, според последните податоци, надмина три милиони или инфицирани се околу 3.065.000 луѓе. Од нив излекувани се 922.000, а починале околу 211.000. Најмногу, веќе повеќе од еден милион, заразени има во САД – 1.003.000, од кои починати се околу 56.000. Само вчера починале 974, но тоа е значително помалку отколку пред седмица-две.
Смирување на бројките има и во Европа. По САД, Шпанија е втора според бројот на инфицираните во светот – околу 230.000, од кои починале 23.500. Околу 200.000 се заразени во Италија, а од нив починале 27.000, во Франција – 166.000 (23.000), Германија – 158.000 (6.000), Велика Британија – 157.000 (21.000), Турција – 112.000 (2.900), Иран – 91.000 (5.800), Русија – 87.000 (800)…
На Балканот: Во Македонија бројот на инфицираните вчера достигна до 1.399, а на починатите на 65, во Србија – 8.275 (162), во Словенија – 1.042 (83), Црна Гора – 321 (7), Босна и Херцеговина – 1.565 (60), Хрватска – 2.039 (59), Албанија – 736 (28), Косово – 763 (21)…