Денес на официјалната страна на ФК „Велешта“ од Струга се појави видео на кое се гледа како играат фудбал иако поради пандемијата забарането е тренирање во групи, а тоа се почитува и од најголемите клубови во Европа и светот, но тоа за нив не важи. Видеото брзо беше тргнато, па и покрај тоа предизвика реакции во јавноста.
Од тимот до спортските медиуми пристигнала реакција дека станува збор за недоразбирање, односно дека мештаните си играле фудбал и дека таму немало ниту еден играч или било кој од клубот.
„Тоа беа жители на селото кое се собраа и самите си играа фудбал, не станува збор за клупски собир“, одговориле од Велешта.
А дека „Велешта“ баш и не се придружува до мерките и препораките покажува видеото каде клубот со кое сами на својата официјална страна се пофалија со „лајв“ на кој се гледа како екипата тренира.
Извор: sportski.mk
https://www.facebook.com/103734994659331/videos/657019181810066/