Властите во централноамериканската држава Салвадор ги игнорираа наметнатите мерки за социјална оддалеченост и ги принудија осудениците во затворот Изалко да седат рамо до рамо, пренесуваат странски медиуми.

Ел Салвадор се бори со проблемот со моќните улични банди и имаше најголем број убиства по глава на жител во Северна и во Јужна Америка. Затворите се преполни со членови на бандите.
Бројот на убиствата опадна откако дојде на власт Букеле, а има и денови во изминатите неколку месеци кога не се пријавени убиства.
Во земјата со 6,5 мииони жители досега од коронавирусот има починато вкупно осум луѓе.



