Турција испрати авион во шведскиот град Малме за да го преземе турскиот државјанин кому му е дијагностициран коронавирусот, а кого во Шведска го одбиле да го примат во болница, јавува агенцијата Анадолија.
Емрула Гулушкен (47) е позитивен на коронавирусот, се јавил на лекар, но бил вратен дома. Неговите ќерки Самира и Лејла побарале помош преку социјалните мрежи, а на нивниот повик одговорил турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа.
„Живеам со семејството во Шведска. Татко ми пред 11 дена доби температура и почна да чувствува потешкотии во дишењето. Се јавивме на лекар, но за жал, никој не дојде. Со денови се јавувавме повеќепати, но никој не одговараше на нашите повици“, вели во видеоснимката објавена на социјалните мрежи Самира Ѓулушкен.
Вчера авионот одлета за Швадска и го донесе човекот, кој сега е примен во болница во Анкара.


