Почнува етапна исплата на пензиите во банките – ММС
ММС

Објавено на: 04/27/20 6:59 AM

Почнува етапна исплата на пензиите во банките

Од денеска ќе се врши етапна исплата на пензиите на шалтерите на банките, според висината на пензијата.

За пензии до 11.000 денари исплата е денеска, за пензии од 11.001 до 14.000 денари, исплата е во утре (вторник 28 април), за пензии од 14.001 до 18.000 денари исплата ево среда 29 април и за пензии повисоки од 18.001 денар, исплата во четврток, 30 април.

Етапната исплата на пензиите е направена со цел да се избегне метежот пред банките и да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.

Пензионерите кои користат платежна картичка поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, веќе можат да ги користат парите за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Исто така, пензиите можат да ги подигнат на банкоматите на банките.

МИА