Времето денеска ќе биде сончево со променлива облачност и со максимална температура до 24 степени.
Од утре, според прогнозата на УХМР, ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи претежно во попладневните часови и повеќе во вториот дел од неделата. Дневните температури ќе бидат без значителна промена. Утринските ќе бидат од неколку степени над нулата и повисоки. Дневните температури, пак, ќе достигнуваат до максимални 24-25 степени.