Пејачот на групата „Ролинг стоунс“, Мик Џегер му одговори на Пол Макартни, кој рече дека „Битлси“ биле поголем бенд од „Стоунси“, додека гостуваше во една емисија.
-Натпревар меѓу бендовите очигледно не постои. Сладок е, но јас сум политичар. Големата разлика меѓу бендовите е фактот што „Ролинг стоунс“ е стадионски бенд, а „Битлси“ никогаш не биле на турнеја по арени. Се распаднаа пред да имаат прилика нешто слично да направат, но ние продолживме со концертите. Уште една разлика е тоа што ние имаме среќа што и денес свириме големи концерти, а другиот бенд не постои, рекол Џегер, а пишува „Дејли меил“.
Пол Макартни пред неколку дена во интервју рекол како ги почитува и сака „Стоунси“, но смета дека „Битлси“ бил поголем бенд од нив.
Фото: leader-call.com