Ќе го наследи ли севернокорејскиот лидер мостарски студент – во Мостар го викале Ракија – ММС
ММС

Објавено на: 04/25/20 7:41 AM

Ќе го наследи ли севернокорејскиот лидер мостарски студент – во Мостар го викале Ракија

Светските медиуми деновиве масовно пишуваат дека севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун е во критична здравствена состојба по операција на срце. Иако оваа информација што потекна од американски разузнавачки извори не е потврдена од Северна Кореја, западните медиуми веќе шпекулираат i кој би можел да го наследи Ун на лидерскоото место. Освен неговата сестра, најмногу споменуван е неговиот внук Ким Хан Сол, кој своевремено учел во поранешна СФРЈ, во Мостар, БиХ.

Сараевски „Аваз“ пишува дека додека студирал во Мостар, херцеговците го викале Ракија. Тогаш 16-годишниот Ким дошол да учи во меѓународно училиште во Мостар, кое го посетувале 74 ученици од 29 земји. Мостарците на него се сеќаваат со симпатии.

„Постојано беше во една кафеана на Шпанскиот плоштад. Во кафеаната се служеше и ракија. Ја правеше газдарицата. Тука тој пиеше, а овие нашите го завикаа Ракија. Беше преопуштено момче. Немаше врска со дедо му. Не зборуваше многу ни за чичкото. Океј момче“, раскажува за „Аваз“ повозрасна мостарчанка.