Коронавирус: Состојба – свет, Европа, Балкан – ММС
ММС

Објавено на: 04/25/20 6:15 AM

Коронавирус: Состојба – свет, Европа, Балкан

Според последните инфомации, до синоќа на полноќ во светот со Ковид-19 се заразени околу 2.825.000 луѓе, излечени се 770.000, а бројот на починатите е околу 197.000.

САД се сега глвното жариште, во Европа има благо опаѓање, иако во три земји бројот на починатите е поголем од 20.000, а вројатно ним денеска ќе им се приклучи и Велика Британија.

Бројот на инфицираните во САД достигна до 922.000, а на починатите до 52.000. Во Шпанија заразени се 220.000, а починале 22.500 луѓе. Во Италија – 193.000 (26.000), Франција – 160.000 (22.200), Велика Британија – 143.000 (19.500), Германија – 155.000 (5.800), Турција – 105.000 (2.600), Иран – 88.000 (5.600)…

На Балканот – во Македонија вчера бројот на инфицираните достигна до 1.326, а на починатите на 57, во Црна Гора – 319 (6), во Босна и Херцеговина – 1.421 (55), Хрватска – 2.009 (51), Словенија – 1.366 (79), во Србија има околу 7.000 заразени и 144 починати…