Новиот дизајн на седиштата можеби би можел да биде иднина во патувањето со авион по пандемијата на Ковид-19. Се работи за хигиенски панели вградени во секое седиште, а средните седишта би биле свртени наназад. Овој начин на седење во авионите по стравот од зараза го развила компанијата „Авиоинтериорс“.
Во економската класа секое седиште би имало пластичен оклоп во облик на буквата Ѕ околу главата за да се спречи контакт со патникот од соседното седиште, а притоа се овозможувала комуникација.


