Поп пејачот Димитар Андоновски среде пандемија, кога се стои, ја објави композицијата „Надеж“, дело, за кое вели дека го создавал долго време, но сега дошло ммент да почне да го објавува дел по дел, со убави пораки. Нему карантинот му бил продуктивен и место да кука што е затворен дома тој создавал. Вели, уживав во творење, со семејството, со бесплатниот одмор од трката наречена-живот. Најмногу од се му било жал што за Велигден не можел молитвено да биде заедно со неговиот духовен татко Партениј и братството од Бигорскиот манастир во чест на христовот воскреснување. За ммс.мк тој сподели детали од неговото секојдневие во самоизолација во Битола.
Како се роди „Надеж“?

Михаил е многу послушно и паметно дете- Димитар со синчето
-„Надеж“ е музички проект кој што започнав да го работам од поодамна, но си ветив на себеси дека ќе го работам претпазливо и без брзање, дека ќе оставам да ме води испирирацијата сама по себе. Се работи за обемен музички проект кој се состои од повеќе музички делови и бидејќи го планирам како голем музичко сценски перформанс мислам дека ќе привлече големо внимание во иднина. Сепак,, Надеж” се уште е на самиот почетокот на процесот и ќе ми треба малку подолго време за успеам да го изреализирам комплетно.Овај период на карантин некако ми даде простор да му се посветам повеќе. Ветив дека за време на процесот ќе пуштам кратки музички делови кои што покрај музиката ќе пренесуваат и некаква порака. Овој пат за таа цел текстот со порака го напиша мојата сестра и актерка Маја Андоновска Илијевски, а видео монтажата ја направи Сергеј Светозарев.
Колку самоизолацијата, седењето дома, полицискиот час, те нервираа или беа продуктивни? Што правеше ти, освен што се роди „Надеж“?
-Јас искрено од секогаш сум човек кој што обожава да биде дома.Ова ми дојде како бесплатен одмор од трката наречена ,, Живот” во кои што сите ние сме навикнати да ја живееме секој ден. Јас се изнауживав седејќи дома повеќе со семејството, посветив време повеќе на музиката, денот ми е толку многу исполнет со разни активности што некогаш дури и се чудам кога поминал денот. Едноставно уживам во карантинот.
Познат си по вербата во Бога и твој духовен отец е Партениј од Бигорски. Како го помина Велигден, со оглед на тоа што секоја година си во манастирот а сега, претпоставувам, беше дома?

Димитар со духовниот водач отец Партениј од манастирот „Св. Јован Бигорски“
-Годинава за жал не можев да бидам молитвено заедно со мојот духовен татко Партениј и братството од Бигорскиот манастир заради ситуацијата во која се наоѓаме. Сепак на некој начин бев и радосен благодарение на отец Партениј за можноста и трудот од негова страна и братството сепак да имаме можност во едни вакви непогоди да ги следиме од дома сите богослужби од Бигорскиот манастир преку интернет и на некој начин пак заедно да го славиме Бог.
Колку пандемијата ќе ти го смени животот, размислувањето… Што е она што можеби засекогаш ќе го смениш?
-Мене оваа ситуација ми го потврди она во што веќе од поодамна верував. А тоа е дека човекот за еден момент ја сменува својата улога- од човек во Бог. Човекот толку многу се заборави борејќи се за материјалниот свет што за момент си помисли дека станал совршен и бесмрттен, со еден збор станал Бог. Ова само ни докажа дека ниедно материјално богатство, ни една позиција во општеството, буквално ништо во овој материјален свет не може да не искупи и поштеди од ова искушение. Бог е тој што допушта вакво искушение заради една голема поука. Некои ја сфатија, а некои за жал стануваат уште полоши од предходно. Но секогаш да се надеваме на доброто и се надевам дека за многу брзо ќе се вратиме во нормален тек многу посилни и поразумни од предходно.
Многумина велат дека по самоизолацијата многу бракови ќе пукнат. Што мислиш ти за тоа? Колку тебе ти беше убаво да седиш дома со сопругата и синчето?

-Благодарение на карантинот мојот брак се зајакна и стана посилен. Уживаме во секој миг со Михаил и Христина и му благодарам на Бог што ми благословил да се баш тие дел од мојот живот. Бракот се состои од вистинска и чиста љубов и мислам дека само таквите бракови ќе се зајакнат и ќе опстанат во сите искушенија. Како викаат: “Оној што е силен и истраен во тешко време, станува уште посилен кога ќе помине.”
Колку му беше тешко на малиот Димитар да седи дома, со што го занимаваше?
-Михаил е многу послушно и паметно дете и иако е само 3 години е свесен за целата ситуација во која се наоѓаме. Ете во вишокот време што го имаме му посветуваме повеќе време и благодарение на мојата жена која што воедно е просветен работник го подучува и го едуцира. Го учи на буквите, ги учи бројките, црта, пее и така едукативно преку игра го поминува цело време од денот.
Ти недостасуваат ли настапите? Како го издржа овој период на „пеење по дома“ и кои се плановите кога сето ова ќе заврши?

Димитар со „Тајфата“
-Секогаш ќе ми недостигаат настапите и затоа сакам што побрзо да бидам помеѓу луѓето да пеам и да се забавувам и јас заедно со нив. Едноставно музиката е мојот живот јас сум човек кој создава, и живее за музика. Така ќе биде и во иднина.
Весна Миленковска


