Двајца полицајци во Мозамбик ќе бидат обвинети за убиство зашто до смрт претепале маж кој се заканил дека ќе ги сними како играат фудбал, спротивно на ограничувањата за борбата против коронвирусот.
Абдул Разак (44) во неделата во градот Беир ги предупредил полицајците дека не ги почитуваат мерките за социјална оддалеченост, а истите тие полицајци претходно ги избркале луѓето кои се собрале во истата населба за да играат фудбал, јавува Би-Би-Си.
Портпаролот на полицијата изјавил дека двајцата полицајци се во притвор и ќе сносат одговорност за нивните постапки.