Коронавирус: Состојба – свет, Европа, Балкан – ММС
ММС

Објавено на: 04/24/20 6:25 AM

Коронавирус: Состојба – свет, Европа, Балкан

Според последните информации, бојот на заразените во светот со Ковид-19 е 2.725.000, на излекуваните – 745.000, а починале околу 191.000 луѓе.

Најголем пораст во сите категории има во САД, каде што има инфицирано 871.000 луѓе, а починати се повеќе од 49.000, од кои само вчера 1.572. Во Италија и во Шпанија вчера починаа по нешто повеќе од 400, во Франција – 516, а во Велика Британија – 638.

Во Шпанија вкупниот број на заразените достигна до 204.000, од кои починати се нешто повеќе од 21.000. Во Италија – 184.000 (24.700), Франција – 158.000 (20.800), Германија – 149.000 (5.100), Велика Британија (17.400), Турција – 102.000 (2.491), Иран – 85.000 (5.300)…

На Баканот – во Македонија до вчера бојот на заразените достигна до 1.300, а на починатите до 56, во Србија – 7.276 (139), Грција – 2.500 (125), Косово – 669 (19), Хрватска – 1.981 (50), Босна и Херцеговина – 1.355 (51)…