Во Тетово во попладневните часови, полициски службеник испукал предупредувачки куршум во воздухот за да го спречи бегството на 37-годишник, при неговото апсење со налог за апсење, информираат од СВР Тетово. Инцидентот се случил на улицата „Јане Сандански“ околу 16 часот, во време кога имаше раздвиженост низ градот.
„Полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода В.Ф. (37) од скопското село Студеничани, за кого е распишана централна потерница за издржување казна затвор од 6 години за кривично дело „Трговија со луѓе“. Пред неговото приведување, В.Ф. се обидел да избега, а полицаец испукал предупредувачки истрел во воздух“, рече Марјан Јосифовски, портпарол на тетовската СПБ.
Приведениот е задржан во полициската станица во Тетово, по што ќе биде предаден за издржување на затворската казна во затворот во Скопје.
Коха