НЛБ Банка од утре ги исплаќа пензиите, до понеделник само на банкомат – ММС
ММС

Објавено на: 04/23/20 8:57 PM

НЛБ Банка од утре ги исплаќа пензиите, до понеделник само на банкомат

НЛБ Банка согласно моменталните случувања со пандемијата на коронавирусот, со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти – пензионери, пензиите ќе ги исплати утре.

Од Банката соопштуваат дека во насока на поголема заштита и намалување на гужвите во експозитурите, од 24  до 26  април пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија само на банкоматите на НЛБ Банка, додека од 27  април, пензиите ќе можат да се подигнат и преку експозитурите на банката согласно определен редослед.

Распоредот за подигнување на пензиите во експозитурите во периодот од 27 – ми до 30 – ти април е креиран  согласно висината на пензијата и тоа:   на 27 април  (понеделник) ќе се исплаќаат клиенти со висина на пензија до 11.000 денари, на 28 април (вторник) ќе се исплаќаат клиенти со висина на пензија од 11.001 до 14.000 денари, на 29 април (среда) ќе се исплаќаат клиенти со висина на пензија од 14.001 до 18.000 денари и на 30 април (четврток) ќе се исплаќаат клиенти со висина на пензија над 18.000 денари.

Со цел заштита на здравјето, од Банката препорачуваат средствата првенствено да се користат за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Доколку клиентите имаат потреба од готовина, препораките се подигнувањето на средствата да се врши на банкомат.

Банката апелира и понатаму да се почитуваат превентивните мерки, да се носи заштитна маска, чекањето ред да биде на обележаните места и да се држи растојание од да метра со останатите клиенти и вработените во НЛБ Банка.