Oд денеска отворени три гранични премини меѓу Унгарија и Србија – ММС
ММС

Објавено на: 04/23/20 10:15 AM

Oд денеска отворени три гранични премини меѓу Унгарија и Србија

 

Граѓаните на Унгарија и на Србија од денеска ќе можат да ја минуваат границата ако работат во соседната земја или обработуваат земјиште од другата страна на границата, соопшти Петер Сијарто, унгарскиот Министер за надворешни работи. Рампите за граѓаните од пограничните места ќе бидат кренати на граничните премини Реска (Хоргош), Томпа (Келебија) и Херцегсанто (Бачки брег), објави на својот фејсбук-профил унгарскиот министер.

Одлуката била  донесена во договор на владите на двете држави.