Словенечкиот производител на апарати за домаќинството, „Горење“ од Велење, ќе укине 2.200 работни места поради последиците од пандемијата на Ковид-19, јавуваат словенечки, а пренесуваат и други балкански медиуми.
Илјада работни места ќе биле укинати во фабриката и во деловните канцеларии во Словенија, а 1.200 во филијалите на компанијата во странство, рекол синдикалниот претставник, по вонредниот состанок што се одржал на иницијатива на управата на фирмата.
„Горење“ е еден од најголемите словенечки извозници. Во 2018 го купи кинеската групација „Хисенсе“, со намера да ги прошири производството и продажбата на апарати за домаќиство ширум Европа.