Фото: Снаодлива бабичка – од прозорецот само ја спушта торбата и таа веднаш се полни со храна – ММС
ММС

Објавено на: 04/23/20 8:12 AM

Фото: Снаодлива бабичка – од прозорецот само ја спушта торбата и таа веднаш се полни со храна

Снаодлива бабичка во Ниш си најде оригинален начин како да дојде до храна без ниту да оди во маркет, ниту, пак, некој да и’ ја донесува дома. Само од прозорецот по јаже ќе ја спушти торбата од станот и за две-три минути торбата и’ се враќа полна со бараните артикли, пишуваат српски медиуми.

Сепак, таа има огромна предност пред другите постари граѓани, кои, исто како и кај нас, и во Србија беа најмногу погодени од мерките против коронавирусот. Нејзиниот стан е веднаш надминимаркет.