Анџелина Џоли уште од првите чекори во Холивуд привлече внимание на медиумите, како поради приватниот живот така и поради несекојдневната убавина. Таа била во врски и со мажи и со жени, се мажеше три пати, па и покрај бурната врска и брак со Бред Пит до денес најконтраверзна остана нејзината љубов со Били Боб Торнтон.
Се венчаа во Лас Вегас во 2000 година, само два месеци откако ја почнаа врската а шокот беше што тој беше свршен со друга. Тие се запознале на сет на филмот „Се е под контрола“, додека Џоли беше во врска со актерот Тимоти Хатон, а Били Боб со актерката Лора Дерн.
Американските медиуми пишуваа, а подоцна и самата Џоли изјави дека Лора била шокирана од веста дека нејзиниот свршеник се оженил со помлада колешка, а не се ни потрудил да раскине со неа.
-Заминав од дома да работам на филм, а додека не сум била дома, мојот дечко се ожени и никогаш повеќе не се слушнавме. Тоа е како ненадејна смрт. За никого немаше ниту крај ниту објаснување , открила во едно интервју Дерн а пренесува Glossy.
Торнтон за овој скандал прозборе во 2001 година во разговор за Guardian
– Други би можеле да речат: ” Ја остави девојката и ожени некоја друга”. Но, тоа мене ме усреќи и усреќи некој друг. Жал ми е што предизвика болка.
Анџелина и Торнтон во 2002. година најавија дека ќе усвојат дете од Камбоџа, но се разделија три месеци подоцна. Џоли тогаш рече дека одеднаш сфатиле дека и двајцата се смениле а актерот во една прилика рекол дека секогаш имал чувство дека не е доволно добар за својата сопруга.
Фото: hellomagazine.com/pinterest.com