Братската љубов не познава забрани и граници – ММС
ММС

Објавено на: 04/22/20 11:13 AM

Братската љубов не познава забрани и граници

За да спречи ширење на коронавирусот, Норвешка во март ги затвори границите со Шведска. Тоа натера двајца близнаци, кои секоја година си го славеа роденденот заедно, сега да почнат нова традиција – 72. роденден да го прослават на гранична линија.

Понтус и Ула Берглунд се еднојајчени близнаци што израснале во шведскиот град Гетеборг. Денес Понтус и понатаму живее во Шведска, во Стремстад, а Ула е преселен во норвешкиот град Халден. Стремстад и Халден ги спојува мост преку мореузот Свинесунд, кој е висок 65 метри. На него, на самата гранична линија помеѓу двете земји, го прославија роденденот, со торта, но без физички контакт. Се договорија и додека границата е затворена, секоја сабота на истото место, на средината на мостот, да се видуваат во 11 часот, објавува шведскиот јавен сервис СВТ, а пренесува РТС.