Фудбалер и пејачи во притвор, не ги почитувале здравствените прописи за време на епидемија – ММС
ММС

Објавено на: 04/21/20 9:42 PM

Фудбалер и пејачи во притвор, не ги почитувале здравствените прописи за време на епидемија

Српскиот фудбалскиот репрезентативец Александар Пријовиќ и фолк пејачите Ѓани и Митар Мириќ од пред три дена се наоѓаат на издржување казна во домашен притвор. Тие три месеци ќе  поминат дома без електронски надзор.

Српски Блиц пишува дека  на почетокот на овој месец уапсени се пред еден белградски хотел а пред полицијата се правдале дека  „не знаеле дека забраната стапила на сила и дека излегле да купат лек“. Но, пред судијата еден по друг си ја признале вината.

Ѓани и Митар Мириќ три месеци во домашен притвор

Ѓани со сопругата, синот, снаата и уште 16 несовесни граѓани биле приведени на трети април додека се журкале во хотел. Тие се приведени во полициска станица во Нов Белград и не се противеле на апсењето туку се обидувале со разни изговори да се спасат. На истото место се забавувал и фолк пејачот Митар Мириќ, кој исто така е во притвор.

Фудбалерот Пријовиќ, пак, бил уапсен во ресторан, кој исто така ја прекршил забраната за собирање. Сите ќе бидат 90 дена во притвор а  казнети се за дело- непостапување по здравствените прописи за време на епидемија.

Фото: insajder.in