Австрија ќе ги отвори баровите и рестораните кон средината на мај – ММС
ММС

Објавено на: 04/21/20 4:40 PM

Австрија ќе ги отвори баровите и рестораните кон средината на мај

Минатата недела илјадници продавници се отворија ширум Австрија, но со стриктни правила за физичко дистанцирање и задолжително носење заштитни маски насекаде низ државата.

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, изјави дека ако бројот на заразени од коронавирус остане мал, рестораните и кафулињата повторно ќе се отворат од 15. мај, пишува „ББЦ“.

Правилата за дистанцирање, големината на групите и бројот на гости кои ќе бидат дозволени на едно место ќе бидат објавени наредната недела, но се очекува дека работниците во рестораните ќе треба да носат заштитни маски.

Училиштата постепено ќе почнат да се отвараат од почетокот на мај.

Курц кажа дека Австрија се придвижува кон враќање на нормалниот живот побрзо од останатите земји, но предупреди дека доколку бројот на заразени повторно почне да се зголемува, владата нема да размислува за воведување повторни мерки.