СВР Штип: Полицискиот час не го почитувале 70 лица, 47 се приведени – ММС
ММС

Објавено на: 04/21/20 11:10 AM

СВР Штип: Полицискиот час не го почитувале 70 лица, 47 се приведени

На подрачјето на СВР Штип во текот на изминатите празнични денови во периодот од 17.04.2020 до 21.04.2020 година, мерката полициски час  не ја почитувале 70 лица,  47 се приведени, од нив 2 се малолетни и 1 над 67 години, на останатите им се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. На 4 лица им се издадени Решенија за изолација, a  75 потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се 479 контроли  над лица во изолација и 1096 над лица во самоизолација.

Поднесени се 10 кривични пријави по чл.206 од КЗ. Контролирани се вкупно 802 објекти.