Германскиот „Октоберфест“, најголемиот светски фестивал на пивото, е откажан поради пандемијата, соопшти денеска покраината Баварија.
Секоја година околу шест милиони гости од целиот свет се собираат на 14-дневниот фестивал што се одржува под шатори, а на Минхен му донесува приход од над една милијарда евра годишно.
Годинашниот „Октоберфест“ требаше да се одржи од 19 септември до 4 октомври.


