Северна Кореја: Ким Џонг-ун во животна опасност по операција на срцето? – ММС
ММС

Објавено на: 04/21/20 8:01 AM

Северна Кореја: Ким Џонг-ун во животна опасност по операција на срцето?

САД ги следат разузнавачките податоци што сугерирале дека лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун е во животна опасност по операција на срцето, јавува СНН, повикувајќи се на неименувано американско официјалн лице. И друг извор изјавил дека САД внимателно ги следат извештаите за здавјето на Ким.

Севернокорејскиот лидер неодамна ја прошушти прославата на роденденот на неговиот дедо Ким Ил Сунг, датум што е државен празник, а тоа ги подгреало сомнежите. Последен пат бил виден на 11 април, на партиски состанок.

И друг висок американски извор, пренесува СНН, рекол дека загриженоста за здравјето на Ким е веродостојна, но сериозноста засега е тешко да се процени. Се наведува и оти сега наводно состојбата му се подобрила, па поголем дел од медицинскиот тим се вратил во Пјонгјанг на 19 април, а само неколкумина лекари останале да го следат заздраввувањето на лидерот на Северна Кореја.

Друг медиум наведува дека операцијата на срцето била извршена на 12 април.