Вкупниот број на инфицирани во Урошевац до неделата се искачил на 90, од кои 86 лица се вработени во американската воена база под команда на КФОР, Бондстил. Во вкупната бројка на инфицирани се опфатени и членовите на семејствата на работниците во Бондстил.
Градоначалникот на Урошевац, Агим Алиу, изјави дека сите од овие лица се инфицирани при контакт со претходно заболени лица кои пред два дена беа откриени за време на извршените тестирања, пренесува приштинска „Газета експрес“.
Алиу изјавил и оти дополнителни 25 примероци на новотестирани лица биле испратени во лабараторија чии резултати треба да бидат објавени наскоро.
Инаку, вкупниот број на заразени во Косово изнесува 598, а досега починале 15 луѓе.


