Дрес на Мајкл Џордан продаден на аукција за 216.000 долари – ММС
ММС

Објавено на: 04/20/20 9:26 PM

Дрес на Мајкл Џордан продаден на аукција за 216.000 долари

Дресот со потписот на Мајкл Џордан, најдобриот кошаркар на сите времиња денес е продаден за 216.000 долари. Овој дрес  Џордан го носеше на Олимписките игри во Барселона 1992. Аукцијата траеше две недели а почетната цена беше 25.000 долари.  Аукцијата заврши истиот викенд  кг почна емитувањето на  документарниот филм „Последниот танц“,  посветен на шампионската генерација на „Чикаго булс“ предводена од Џордан и тоа  од 1991 до 1998 година, кога освои шест шампионски титули.

– Мајкл Џордан е најголема спортска икона на сите времиња. Колекционерите ја искористија ретката можност да дојдат во сопственост на дресот кој Џордан го носеше играјќи за најдобриот кошаркарски тим на сите времиња , рече Брајан Дваер, претседател на аукциската куќа „Robert Edwards Auctions“.

Фото: bleacherreport.com/