Центарот за јавно здравје во Велес продолжува со нормална работа, соопштија од Министерството за здравство. Откако во дел од медиумите излегоа информации за наводно затворање на пунктот за земање брисеви и Центарот за јавно здравје во Велес, од Министерството за здравство информираат дека истиот продолжува со работа како и досега. Од таму додаваат дека е направена ротација на кадри од другите одделенија, вклучително и лаборанти кои ќе ја покријат работата на пунктот за земање брисеви.
-Во текот на утрешниот ден, ќе бидат направени епидемилиолошки анкети на вработените во ЦЈЗ Велес по што точно ќе се знае дали и колку од вработените ќе бидат во изолација. Дополнително, инспектори од Скопје и епдемиолози, ќе направат вонреден инспекциски надзор врз работата на велешкиот Центар за јавно здравје за да се утврди дали се почитувани пртоколите или има некакви неправилности во постапувањето, велат од Министерството.
Во текот на денешниот ден од Министерство наведуваат дека се прават и ќе бидат завршени епидемиолоши анкети и на сите вработени од маркетот во Велес каде беа регистрирани лица позитивни на коронавирусот.
Воедно, Министерстово истакнува дека по добивањето на наодите, ДСЗИ доколку утвдри потреба ќе издаде решение за самоизолација, а согласно тоа колкав број на вработени ќе одат во изолација, ќе се донесе одлука дали маркетот ќе продолжи да работи или пак ќе биде затворен на одреден период.