Во Велес еден ново заразен со Ковид-19 – ММС
ММС

Објавено на: 04/20/20 5:20 PM

Во Велес еден ново заразен со Ковид-19

Во изминатите 24 часа во Велес има еден новозаболен од Ковид-19. Со тоа бројката на дијагностицирани случаи со Ковид-19, изнесува 59.

Од ЈЗУ Центар за јавно здравје не прецизираат на кој кластер припаѓа новозаболениот.

Инаку во ЈЗУ Центар за јавно здравје  поради тројца заболени од кои двајца здравствени работници и едно административно лице од утре ќе биде затворена оваа јавна здравствена установа, а вработените ќе седат дома.

Со тоа велешани ќе останат без пунк за земање на брисеви на сомнителни случаи за Ковид-19, а останува и без здраствена епидемиолошка екипа.

Градоначалникот Аце Коцевски информира дека општината како нов пункт за земање брисови ја отстапила празната зграда на поранешното ООУ „Јордан Хаџи Константинов-Џинот” во Велес. Тој бара од надлежните да најдат решение за праќање на нова Мобилна екипа за земање на брисови во Велес.

Инаку на Епидемилошкото одделение при ЈЗУ Општа болница Велес како што информира за МИА,портпаролот д-р. Весна Неделковска Николова, на лекување се 17 пациенти од кои кај 16 е потврдено присуството на Ковид-19, а кај еден се чакаат резултатите. Денеска на одделението не бил примен нити испишан ниту еден пациент.