Во “потршувачкиот мартовски пик” регистрирани првите “симптпоми” на зголемени трошоци на живот за дел од прехранбените производи, масло, шеќер, кондитроски призводи, млеко, јајца. И во април се прелеа зголемената потрошувачка, дополнително стимулирана од празничните денови, но и продолжениот полициски час, до втроник, пет изутрина, пишува неделната економска анализа на Portalb.mk. Граѓаните повторно ги полнеа кесите во продавниците и на пазарите. Економистите разработуваат две сценарија за ценовните движења. Во Еврозоната регистриран пад на инфлацијата.
Цените на храната растат,а на горивата во пад …
Килограм јагнешко 320 денари, килограм јунешко месо 310 денари. Пред почетокот на најдолгиот полициски час, од петок до вторник, забележителна беше реприза на “потрошувачката хистерија” од почетокот на Корона-кризата, сега дополнително засилена и поради празничните денови за христијанскиот празник Велигден.
Дел од цените на основните прехранбени производи не се променети, но цената на дел од зеленчукот и овошјето, според граѓаните, е зголелемена.
“Еве, цената на килограм кромид е 50 денари. Доматот се продава за повеќе од 110 денари. Скапо е .” – вели една скопјанка што ја сртнавме на еден од зелените пазари во градот.
Килограм свежи крставици предпразнично се продаваа и за 80 денари, а цената на зелката изнсува и 39 денари за килограм.
Растот на цените на индустриско-прехранбените производи е евидентиран и од Заводот за статистика, во март годинава во споредба со март лани се зголемени за 3,5%. Во третиот месец забележан е раст од 1,3% на цените на индустриските производи како и благ пораст на цените на непрехранбените индустриски производи, тутунот, услугите.
Значен пораст на трошоците за живот е регистриран за дел од прехранбените производи во месец во кој и официјално започнаа рестриктивните мерки за справување со кризата во Ковид 19. Конкретно, само кај ставката масла и масти трошоците за живот се зголемени 12,6%, но пораст има и кај лебот, шеќерот, кондиторските производи.
Трошоци на живот март 2020/2019
Масла и масти 12,6%
Леб и житарици 4,5%
Месо 4,4%
Шеќер, кондиторски производи 3,4%
Алкохолни пријалаци, тутун 4,5%
Млеко, сирење, јајца 2,4%
Овошје 4,7%
Две сценарија за ценовните движења …
Инфлацијата во земјава ќе го задржи “умереното” ниво, и нема да надмине 2% годинава. Ова е оценката на економистите, наведена во новата Анкета за очекувањата за движење на БДП и движење на инфлацијата, што ја објави Народната банка.
“Просечните очекувања за 2020 и 2021 година во основа се непроменети во однос на претходната анкета и упатуваат на просечна стапка од 1,6% во 2020 година, односно 2% за 2021 година, а инфлација од околу 2,0% се очекува и во 2022 година” – се наведува во Анкетата.
Сепак, економистите упатуваат на две сценарија, и двете како последица на кризата со Ковид 19. Во првото инфлацијата ќе се намалува како последица на намалената цена на нафтените деривати на светските пазари и намалената побарувачка, но во второто сценарио – нарушените трговски канали можат да предизвикаат ценовен пораст.
“Испитаниците ги наведуваат неизвесноста и надолните ризици од кризата предизвикана од коронавирусот, падот на цената на нафтата на светските берзи и пониската домашна потрошувачка како фактори коишто би придонесле за намалување на стапката на инфлација. Од друга страна, своите очекувања за нагорни притисоци на инфлацијата ги поткрепуваат со шоковите предизвикани од страна на побарувачката и понудата, како и нарушените трговски канали” – пишува во истражувањето.
Во европски рамки, во март веќе е регистриран пад на инфлацијата, пред се како последица на намалување на цените на енергенсите. Така, на ниво на Еврозоната годишната стапка на инфалција се спушти на 0,7%, а најголем пад на инфлацијата има во Франција и во Германија.