Маријана Новачевска, дел од дуото Маријана и Росана, за прв пат стана баба. Таа од синот Филип и снаата Анастасија денес доби внука, на која и дадоа име Ева, која како што вели, по австралиски е така, бидејќи таму живеат, а Ива по наше.
Маријана со снот и снаата
-Денес на Велигден, Господ ги послуша моите молитви и како подарок ми донесе мало „срцуленце“, моја внука, бабино сонце, напиша Маријана. Ние сме благословени, напиша среќната баба и додаде:
„Уште сум во некое бунило. Бебето требаше да се роди во мај, но ете Господ е голем и дојде на Велигден. Дарба од Господ. Радосни сме и среќни, но по малку и тажни, бидејќи, не можеме да одиме во болница. Заради пандемијата мерките се строги, не се дозволуваат контакти, па не ни е сеедно. И снаа ми и внуката се добри и ќе останат во болница уште три дена, вели Маријана.
Раѓањето на внуката го одбележа и сестрата близначка Росана. Таа пресреќна, вели дека, дека е баба по втор пат.
Маријана и Росана
-На овој убав ден, на Велигден, пак, станав баба. Многу сме среќни. Добро ни дојде на свет, наше сонце најмило. Јас баба по втор пат, а мојата Маријана за прв пат, напиша Росана, која пред неколку години стана баба на Ноах, од ќерка и Ивана.
Маријана веќе две децении живее и работи во Австралија. Од бракот со композиторот Тоде Новачевски го има синот Филип и ќерката Магдалена, крстена по големиот хит на Оливер Драгојевиќ „Магдалена“.
Маријана со ќерката Магдалена