Уставниот суд на Словенија и’ наложи на словенечката Влада веднаш да ја провери мерката за ограничено движење, воведена заради спречување на ширењето на коронавирусот.
Уставниот суд го суспендирал членот 7 од владиниот декрет што пропишува дека мерките ќе бидат на сила до „престанувањето на причините за нивно воведување“. Судот заклучил дека така и’ е препуштено на Валадата самоволно да одлучува кога мерките би можеле да бидат укинати.
Суспензијата ќе трае додека судиите на Уставниот суд не дефинирсаат одржлива одредба, а во меѓувреме Владата има обврска секоја седмица да ја анализира оправданста од продолжувањето на мерките.


