Србија: Од шаховски клуб приведени 16-мина, играле шах, консумирале и алкохол – ММС
ММС

Објавено на: 04/18/20 6:59 AM

Србија: Од шаховски клуб приведени 16-мина, играле шах, консумирале и алкохол

Второто Основно јавно обвинителство во Белград, вчера направило договорни спогодби за признавање вина на 16 лица кои полицијата ги затекнала како во попладневните часови заедно се дружат, играат шах и домино и консумираат алкохол во шаховски клуб, па ги осомничила дека го извршиле кривичното дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

По потпишувањето на договорните спогодби, 16-темина добиле санкции од по четири до шест месеци домашен затвор, пишуваат српски медиуми.