Време: Сончев и топол викенд, во вторник и в среда пад на температурата за 12-13 степени – ММС
ММС

Објавено на: 04/18/20 5:07 AM

Време: Сончев и топол викенд, во вторник и в среда пад на температурата за 12-13 степени

Времето денеска, според прогнозата на УХМР, ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност и со максимална температура до 27 степени, а слично ќе биде и утре.

В понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, пообилни кон крајот на денот. Значителна промена на времето се очекува во вторник, проследена со опаѓање на температурата, пообилни врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Во вторник и в среда максималната температура се очекува да биде за околу 12-13 степени пониска од денешната.