Белата куќа застанала во одбрана на ќерката на претседателот Доналд Трамп и негова советничка, Иванке Трамп, поради патување и покрај препораките да не се излегува од дома.
Како пренсува Би Би Си, Иванка Трамп со семејството минатата недела отпатувала од Вашингтон во Бедминстер, во Њу Џерси, за да го прослави еврејскиот празник Пасху во Националниот голф клуб на Трамп.
Белата куќа соопшти дека Иванка Трамп со своето семејство отпатувала во објект кој се смета за нивна семејна куќа и дека ова патување со ништо не е поразлично од одењето и враќањето од работа. Освен тоа дека местото било многу помалку населено од подрачјето на нивниот дом во Вашингтон.
според препораките, граѓаните треба да избегнуваат патувања кои не се неопходни. И Иванка пред неколку дена на Твитер апелирала на граѓаните да не излегуваат од дома освен ако е неопходно.