На вработени во „Жито Прилеп“ им е забранет влезот во фирмата, тие не знаат зошто – ММС
ММС

Објавено на: 04/17/20 1:23 PM

На вработени во „Жито Прилеп“ им е забранет влезот во фирмата, тие не знаат зошто

На стотината вработени во прилепскиот најголем производител на леб „Жито Прилеп“ од вчера попладнето им е  забранет влез во фирмата иако вработените, покрај проблемите за неисплатени плати за февруари и март протестираа, но решија да им излезат во пресрет на граѓаните за да го произведат основниот прехранбен продукт. Тие се револтирани зашто раководството на фирмата воопшто не им се обратило досега, ниту знаат што понатаму.

Според Блаже Димитриоски, вработен во Жито Прилеп никој не им се обраќа да им појасни, нема резултати од трудовата инспекција каде пријавиле и не знаат што понатаму.

-Трет ден имаме собир на вработените. Досега никој од раководството не ни се обратил, ниту знаеме што понатаму. Ниту дали фирмата ќе продолжи да работи или не и дали ќе ни бидат исплатени платите. Вчера попладнето дојдовме зашто и покрај ситуацијата, решивме да произведеме леб за прилепчани да немаат проблем во текот на Велигденските празници. Без разлика на платите и сметавме тоа да го решаваме по празниците. Обезбедувањето не споречи да влеземе во фирмата и ни покажа документ, заверен во полицијата дека сме биле на работа, но надвор од фирмата. Чекаме раководителката Елизабета Мојсоска да дојде и да ни каже. Сметаме дека сопственикот Ѓорѓија Џорџ Атанасоски не е правилно информиран за ситуацијата од раководството на фирмата и без причини мислиме дека нас не сметаат за виновни. Се обративме до трудовата инспекција во Скопје. рекоа дека на терен ќе дојдат инспектори за да се види ситуацијата, но досега немаме никаква информација дали воопшто дошле, ниту дали е направен записник, изјави Димитриески.

Марјан Димоски, вработен во „Жито Прилеп смета дека раководството е виновно затоа што правилно не го известува сопственикот Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, кој е во САД, за состојбите.

-Имаме апел до сопственикот да се обрати до раководството на фирмата, зашто очигледно погрешно му се пренесувани состојбите. Нас работниците нѐ обвинува за оваа состојба, а сметаме, всушност дека раководството е виновно. Раководството не дојде да разговара со нас, да се разбереме, да најдеме решение или да ни порачаа да се стрпиме дека ќе има плата. Ќе се согласевме, зашто ако сме издражале два месеца без плата, ќе издржевме и овие денови. Штета е за фирмата, а тие го оцрнувата сопственикот. Во фирмата има репроматеријали за работа, тоа не е проблем. Инаку, вчера е исплатена февруарска плата за вработените во хотелот „Сонце“ од истиот сопственик со најава дека наскоро ќе добијата и мартовска плата. Значи не се проблем финансиите, а нам никој не ни кажува што со платите, вели Димоски.

МИА