– Една корисничка и две вработени од Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово се позитивни на коронавирус, соопштија од установата. Резултатите ги потврдил Центарот за јавно здравје Куманово.
-Вработените се во изолација од седми април годинава, кога беа тестирани со други вработени од персоналот. Тестирањето беше иницирано по несреќен случај на враќање од лекување на наша корисничка која претходно била хоспитализирана во болница заради други неодложни здравствени проблеми и сместена во домот во соба за изолација– изјави директорот на установата, Дејан Стојановски.
Во домот нема други заразени, ниту помеѓу корисниците, ниту помеѓу вработените. Од почетокот на ширењето на вирусот, додава Стојановки, преземени се мерки и вработените користат заштитна опрема.
МИА