Многу луѓе тешко ја поднесуваат изолацијата, а, се чини, на некои им е уште потешко од другите.
Славонец од околината на Осиек, како што пренесува „СиБ.хр“, повеќе не можел да ја поднесе изолацијата во куќата со сопругата, па во дворот си поставил шатор во кој се преселил. Сега барем на масичката и столовите пред шаторот му доаѓал на ракија соседот, а и со сопругата, со која е во брак 30 години, многу им се подобриле односите откако се преселил во шаторот.