Време: Денеска сончево, за викендот до 27 степени, врнежи и заладување од понеделник – ММС
ММС

Објавено на: 04/16/20 5:48 AM

Време: Денеска сончево, за викендот до 27 степени, врнежи и заладување од понеделник

Времето денеска, според УХМР, ќе биде сончево и потопло со слаб променлив ветер и со максимална температура до 21 степен. Наутро некаде утринската температура ќе биде околу нулата.

Од утреледува период на сончево, стабилно време и дневните температури брзо ќе се покачат. Зголемување на облачноста ќе има в недела, а од понеделник ќе има нови врнежи од дожд кои ќе бидат повремено пообилни, а ќе има и опаѓање на температурите.