Поранешната манекенка Сања НиколиЌ и познатиот рапер, Марко Маринковиќ- Слаткар станаа родители. Пред еден час на својот Фејсбук профил Марко ја сподели веста:
-Се роди Моша Маринковиќ, напиша тој и во негов стил додаде „голем да му расте“.
Сања и Слаткар се забавуваа неколку години, а потоа решија да живеат заедно. Потоа направија свадба за паметење, како што тогаш велеа. Неколку години се во брак а ова е нивно прво дете.